Кога дома ќе замириса на леб…

Можете да избегнувате да јадете леб или да му наоѓате разлини алтернативи, ама сите си знаеме - мирисот на тукушто испечениот леб е незаменлив

0
366

Овој леб го направивме со брашно од грахам, па е богат со витаминот Б1, но има и други добри особини. Содржи двапати повеќе влакна од белиот леб (бел леб – 3,9, а грахам леб – 9,8), а има и повеќе протеини. За време на подготовката на овој леб хранливите лушпи и никулци од житарките не се уништуваат, туку остануваат во лебот.

Состојки:

1 кг целозрнесто грахам брашно
4-5 лажици ладно цедено сончогледово или маслиново масло

ленено семе, семки од сончоглед и семки од тиква за поросување

малку оригано по желба

1 лажичка сол

400 мл или повеќе млака вода (за да се добие средно меко тесто)
Приготвување:
Во длабок сад се става брашното, а потоа во средината се прави мал кратер. Во него се става квасецот или сода бикарбоната, семките од лен и од сончоглед, солта и маслото. Со додавање на млака вода се замесува средно меко тесто (подобро да биде помеко, но да не се лепи за раката).

Потоа тестото во форма на топка се остава во набрашнет сад, се покрива со чиста мека крпа и се остава да отстои 1 час за да нарасне.

Откако тестото ќе го зголеми својот волумен од него се формираат два леба кои се ставаат на набрашнета тава за печење или врз хартија за печење и се засекуваат. Се премачкуваат со малку од ладно цеденето масло и се поросува со семки од тиква и по желба оригано.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200° Ц , и кога ќе се загрее ставете ги лебовите да се печат. Се печат  20 – 30 мин. сè додека не добијат убава боја.
Кога се печени се вадат и се попрскуваат со малку леб па се покриваат со чиста крпа.

Вклучувањето на леб од целозрнести брашна во исхраната придонесува за одржување на балансот на протеини, јагленихидрати , витамини и минерали на здраво оптимално ниво.