Кога се користи прашок за печиво, а кога сода бикарбона?

Веројатно ви се случило во некој рецепт за кој ви треба прашок за печиво, да ставите сода бикарбона или обратно. Дали е тоа соодветна замена и во што се разликуваат овие намирници?

0
758

Можеме ли содата бикарбона да ја користиме како замена за прашокот за печиво?

Главно не. Имено, содата ќе реагира кога им се додава на намирници како мед, какао прав или меласа, додека прашокот за печиво кој во себе содржи киселина ќе реагира уште при допир со обична вода (тоа е и добар начин да проверите дали е прашокот за печиво во добра состојба – помешајте лажичка вода со неколку трошки прашок за печиво и ако се запени, значи дека е добар).

Реакцијата на содата и некоја друга кисела намирница, предизвикува производство на јаглероден диоксид – се создаваат мали меурчиња, а токму тоа е својството на содата која му помага на тестото/на смесата за колачи да се крене и да „нарасне“.

Од друга страна, прашокот за печиво е комбинација од сода бикарбона, киселина и состојка која служи за впивање на влага – како пченкарен скроб. Со оглед на тоа што прашокот за печиво веќе содржи киселина, не е нужно во смесата во која го користиме, да додаваме кисели намирници.

Најчесто на пазарот има прашок за печиво кој реагира во две фази – прво кога ќе се навлажни (со вода или со некоја друга течна состојка) и вторпат реагира под влијание на висока температура, односно, кога ќе ја ставиме течната смеса за колач на пример, на печење во рерна.

Прашокот за печиво можете да го користите за приготвување на сите слатки кои бараат таков додаток, додека пак содата, ако сакате да предизвика некоја реакција и промена, си бара додавање и на нешто кисело. На пример, содата можете да ја користите кога правите тесто за палачинки во комбинација со кисела вода.

Фото: Pixabey