Кое млеко е поздраво: Кравjo или растително?

 Нутриционистите конечно ја решиле дилемата кое млеко е поздравоОдговорот на прашањето кое млеко е најздраво може да ве изненади.

0
454

Ако мислите дека растителните млека како бадемовото и она од соја, се многу поздрави, не сте во право.

Вака изгледа ранг листата на млеката по погодностите што ги има за нашиот организам.

Всушност, кравјото млеко има најмногу бенефити. Тоа е богато со хранливи материи и е добар извор на протеини кои се важни за градење на мускулите, но и калциум, што е важно за здравјето и јачината на коските и забите. Исто така, содржи и други хранливи материи, како што се витамин Б12, кој е важен за нервниот систем, витамин А, кој е важен за здравјето на очите и калиумот, кој игра улога во здравјето на срцето и мускулната функција. Звучи како вистинска мултивитаминска намирница, нели?

Ако не можете да пиете кравјо млеко од здравствени причини, следно на листата е млекото од соја. Протеините што ги содржи се слични на оние што се наоѓаат во кравјото млеко.

Следното е бадемово млеко, кое всушност не е толку хранливо како што може да помислите. Всушност, експертите велат дека бадемовото млеко е малку похранливо од филтрираната вода. Се разбира, ако не можете да пиете кравјо или млеко од соја поради некоја причина, ова е повеќе или помалку ваш единствен избор, а во тој случај гледајте да консумирате некое со додаден калциум.

Слично е и со оризовото и овесното млеко. Како и да е, предноста на овесното млеко е што содржи бета-глукан, еден вид влакна за намалување на холестеролот и во тој смисол има добар здравствен ефект.

Сепак, млекото засновано на житарици содржи повеќе јаглени хидрати од кравјото млеко и има повисок гликемиски индекс, што значи дека тие имаат поголем ефект врз нивото на шеќер во крвта. Повторно, ако поради некоја причина ова е вашата единствена опција, побарајте ги оние кои имаат додаден калциум. И на крај, да не го заборавиме кокосовото млеко кое се смета за многу здраво – но нутриционистите не се импресионирани. Далеку од тоа да биде здраво, тоа исто така содржи заситени масти кои не се добри за срцето, и содржи малку протеини и јаглени хидрати.

Секако, млекото е многу повеќе од калориите, но чисто информативно, еве кое млеко колку калории содржи во 100 милилитри.

Калории во 100 мл млеко:

Полномасно кравјо млеко – 67 калории

Млеко од ориз – 61 калорија

Млеко од соја – 58 калории

Млеко од овес – 46 калории

Млеко од соја со намалена содржина на маснотии – 37 калории

Обезмастено кравјо млеко – 34 калории

Засладено млеко од бадеми – 29 калории

Кокосово млеко – 23 калории

Незасладено млеко од бадеми – 16 калории.

Фото: Pixabey