Кои намирници не треба да се чуваат во фрижидер

Повеќето од нас мислат - колку постудено, толку посвежо, но некои намирници е подобро да бидат надвор од фрижидерот.

0
557

Кога станува збор за чувањето на храната, секогаш има конфликтни совети.

Можеби пораснавте гледајќи ја својата мајка како ги става бананите во фрижидерот – а 20 години подоцна некој колега на работа ќе ви каже дека тоа не е добро.

Некои од нас автоматски ставаат сè во фрижидер – таму е ладно, па мора да ја задржи свежината, нели?

Очигледно постои вистински и погрешен начин за чување на нашите намирници. Можеби не ги чувате правилно.

Тоа е дилема што сите ја имаме во одреден момент. Погледнете ги советите подолу и кажете ни дали се согласувате или не се согласувате со нив.

Леб

Лебот се суши и побрзо го губи вкусот кога е во фрижидер, а тоа не е она што го сакате кога ќе го гризнете вашиот сендвич за ручек.

Чувајте го на ладно и суво место. Обидете се со платнена торба за леб.

Лубеници и дињи

Нема ништо подобро од ладна диња или лубеница. Но Американското министерство за земјоделие (U.S. Department of Agriculture) открило дека лубеницата губи извесна количина антиоксиданси, ликипен и бета каротин ако се чува во фрижидер. Целиот плод на лубеница и диња треба да се чува надвор од фрижидер, но кога еднаш ќе ги пресечете, завиткајте ги со проѕирна фолија и ставете ги во фрижидер.

Банани

Тукушто купивте неколку банани? Можеби ќе бидете во искушение да ги ставите директно во фрижидерот – но почекајте неколку дена.

Бананите потекнуваат од тропските клими и нивните клетки немаат природна одбрана против студот. Ако се зелени и веднаш ги ставите во фрижидерот, нема воопшто да созреат. Наместо тоа, ќе станат кашести и црни бидејќи нивните ензими ќе ги разложат хранливите материи.

Ако се веќе зрели, побезбедно е да ги ставите во фрижидерот.

Кајсии, киви праски, сливи

Чувајте ги во дрвени гајбички додека не созреат, на тој начин најдобро ќе ги зачувате хранливите состојки.

Домати

Ладниот воздух им го менува вкусот и може да ги претвори во невкусна „каша“. Ќе бидат воденести и незрели. Оставете ги надвор од фрижидерот и за неколку дена ќе созреат и ќе развијат подобар вкус.

Лук
Никогаш не чувајте лук во фрижидер затоа што ќе почне да никнува. Наместо тоа, чувајте го на темно, суво место.

Компири

Компирите треба да бидат на темно, ладно, добро проветрено и суво место. Извадете ги компирите од пластичната или хартиената кеса и неизмиени чувајте ги во картонска кутија. Мијте ги непосредно пред употреба затоа што во спротивно, влагата ќе предизвика скапување.

Мед

Медот треба да се чува во добро затворен сад, на собна температура и на суво место. Неговиот состав го чува од „нападите“ на микроорганизмите, такашто можете да го чувате во плакарот неограничено време. Ако го чувате во фрижидер, тоа може да доведе до негова кристализација.

Колач

Колачот може да се чува неколку дена во добро затворен сад на собна температура. Се разбира, ова не важи ако станува збор за торта со крем. Во тој случај треба да се стави во фрижидер.

Кафе

Меленото кафе чувајте го во херметички затворени садови, на суво, ладно и темно место за да го задржи вкусот и свежината. Поголеми количини кафе можете да замрзнете и да ги чувате најмногу до еден месец.

Кромид

Неизлупениот кромид е добро да се чува на ладно суво и добро проветрено место. Ова не се однесува на изкупениот кромид. Тој треба да се стави во добро затворен сад во фрижидер.

Авокадо

Нема ништо поневкусно од незрело авокадо.

Чувањето во фрижидер нема да помогне. Очигледно студената температура го попречува процесот на созревање. Препорачливо е да го чувате во хартиена отворена кеса за да созрее. Ставете го веднаш до бананите (се сеќавате, исто така надвор од фрижидерот).

loading...