Кои се најчестите грешки при приготвувањето на зеленчук?

Тиквичките, краставиците и морковите не се лупат, а понекогаш замрзнатиот зеленчук е подобар од свежиот.

0
307

Зеленчукот, како што многу месојадци мислат, е блуткав, невкусeн и здодевeн. Проблемот е во тоа што ние некреативно и нестручно го приготвуваме. Ова се најчестите грешки кои ги правиме при приготвувањето на зеленчук.

Лупење – Некој зеленчук мора да се лупи, друг пак, не само што не мора да се лупи, туку и не треба, затоа што на тој начин само ги отстрануваме здравите влакна и антиоксидансите од кората. Освен тоа, естетски е често поубав зеленчукот со кора отколку без неа. Затоа, два пати размислете пред да почнете да ги лупите тиквичките, краставицата и морковите. Секако, кога не го лупите зеленчукот, прво убаво измијте го.

Погрешна температура и тава – Професионалците утврдиле дека од 200 до 230 степени е вистинската температура за печење на зеленчукот во рерна. Така надворешноста станува крцкава, а внатрешноста мека. Сепак, водете сметка за маслото, маслиновото масло гори на температура повисока од 210 степени. Ако на температура повисока од таа го печете зеленчукот, подобро е да употребите некое друго масло на пример, од кикирики. Проблем е и погрешната тава – идеални се плеховите кои одат заедно со шпоретот, затоа што се ниски. Било која висока тепсија или тава ја спречува водата да испари, а тоа може да доведе до премногу влажен зеленчук.

Недоволно зачини и масло – Зеленчукот сака зачини. Поделикатните како што е магдоносот може да се пороси после печењето, други како мајчината душица и рузмаринот поросете ги претходно. Исто така, некој зеленчук повеќе сака масло, на пример, печурките и модриот домат бараат повеќе масло од зеленчукот кој расте под земјата.

Избегнувате замрзнат зеленчук – Обично мислиме дека само свежиот зеленчук е добар, заради што неправедно бегаме од замрзнат зеленчук. Но понекогаш е тој подобар. Свежиот грашок е одличен, но ако не го приготвите веднаш, неговиот шеќер се претвара во скроб а тоа му дава зрнеста текстура. Спанаќот е уште еден пример кога е подобро зеленчукот да биде замрзнат затоа што има повеќе хранливи состојки.

Го варите – Кога зеленчукот го варите, тој не само што ги губи хранливите состојки, туку станува безличен. Приготвувањето на зеленчукот на пареа овозможува тој да ги задржи бојата, вкусот, витамините. Ако баш мора да го варите, не го правете тоа предолго затоа што ќе го изгуби вкусот.

Фото: Pixabey

loading...