Колач од тиквици со лимон и боровинки

Да, да, колачот е со тиквички, оние истите што обично ги јадеме малку потпржени па зачинети со масло, оцет и лукче. Блага варијанта? О, да!

0
44

Состојки:

3 јајца на собна температура

224 г масло

3 лажички екстракт од ванила

200 г шеќер

2 тиквички

375 г брашно

1 лажичка сол

1 лажичка сода бикарбона

400 г боровинки

За кремот:

226 г путер на собна температура

400 г шеќер во прав

Сок и кора од 1 лимон

лажица екстракт од ванила

1/8 лажичка сол

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе две тавчиња за печење такашто ќе ги намачкате со путер и ќе ги поросите со брашно.

Излупете ги, изрендајте ги и исцедете ги тиквичките од течноста.

Во голем сад со миксер изматете ги јајцата, маслото, ванилата и шеќерот. Додадете ги тиквичките.

Полека додадете ги и брашното, солта, прашокот за пециво и содата. Нежно помешајте ги внатре и боровинките. Поделете го тестото рамномерно во двете тавчиња.

Печете 35-40 минути. Оставете ги да се оладат во тавчињата околу 20 минути а потоа превртете ги на чинија и оставете сосема да се изладат.

Крем:

Изматете ги путерот, шеќерот и солта додека убаво не се соеиднат. Додадете го сокот од лимон и мешајте уште 3-5 минути додека не се направи крем.

Додадете ја и ренданата кора од лимон.

Намачкајте ја едната кора, прекријте ја со другата кора, премачкајте ја и неа со кремот па украсете ја со остатокот од боровинките.

 

loading...