Колач од цвекло и чоколадо од Џејми Оливер

Бидејќи е цвеклото здраво, решивме денеска да ви го предложиме за десерт и епскиот колач на славниот Џејми Оливер. Го позајмивме од Пинтерест

0
111

Состојки:

маслиново масло
обично брашно за поросување на калапот за печење
300 g квалитетно темно чоколадо (70% какао)
250 г сирово цвекло
4 големи јајца
150 г кафеав шеќер
120 г бадеми
1 лажичка прашок за пециво
1 лажица квалитетен какао во прав

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°C.
Намачкајте го калапот за торта со маслиново масло и поросете со брашно, а потоа истресете го вишокот брашно.

Искршете 200 гр чоколадо на мали парчиња и стопете го на пареа.
Излупете го цвеклото и изрендајте, а потоа ставете го во голем сад за мешање.
Одделете ги жолчките и белките и додадете ги жолчките кај цвеклото.
Измешајте ги шеќерот, бадемите, прашокот за пециво, какаото и стопеното чоколадо и додадете ги кај цвеклото и жолчките и сѐ добро измешајте заедно.
Изматете ги настрана белките во цврст снег и полека додавајте ги во смесата со помош на лажица.
Ставете ја смесата во подготвениот сад за печење и рамномерно распоредете ја.
Се пече околу 50 минути.
Дозволете тортата да се олади малку, а потоа внимателно префрлете ја на решетката за да се олади целосно.
Стопете го преостанатото чоколадо и послужете ја со прелив од чоколадото и со павлака.

loading...