Куркуминот е нова надеж за заболените од Алцхајмер

Она што алтернативната медицина го знае веќе со децении, потврдено е и официјално – куркуминот, активна состојка на куркумата, и официјално е признаена помош во лекувањето на Алцхајмеровата болест!

0
493

Ако вие или вашите сакани еднаш страдале од карцином, Алцхајмерова болест или некој друг облик на деменција, има надеж и лекот би можел да с енајде во коренот познат како куркума (turmeric).

Неговите антивоспалителни способности се неверојатно моќни. Не постои ниту една друга природна состојка на светот која е поефикасна за намалување на воспаленијата во телото од куркумата.

Куркуминот е признаен како природно средство кое може да помогне во лекувањето на Алцхајмерова болест, а се покажало делотворно и кај воспаленијата, артритисот, дијабетесот, депресијата, болестите на црниот дроб и гастроинтестинални болести. Предмет е и на бројни патенти во постапка затоа што студиите откриле и негово силно делување во превенцијата и лекувањето на ракот.

Куркуминот е извонреден природен чистач на црниот дроб, го спречува настанувањето и го забавува напредувањето на Алцхајмеровата болест. Успешно го отстранува штетниот плак наталожен во мозокот.

Традиционален зачин за готвење кој се користи во цела Индија и Југоисточна Азија во текот на многу столетија, куркумата е предмет на безброј научни истражувања во последните неколку години. Се покажало дека постои бескрајна листа на болести за кои овој зачин е од неверојатна помош.

Консумирањето на само еден грам куркума дневно во текот на три месеци може да доведе до значителен напредок во лекувањето на деменцијата и Алцхајмеровата болест. Овој ефтин зачин за готвење се покажал како најефикасен лек: Земајќи само 1 грам, или околу 1/4 лажичка дневно, куркума во прав, се покажало доволно за неверојатни подобрувања кај психолошките болести и симптомите на деменција.

Во што е посебноста на куркуминот и како може да им помогне на лицата кои боледуваат од Алцхајмерова болест?

Предноста на куркуминот е во тоа што тој делува на причината на болеста, а не на последиците, за разлика од конвенционалните лекови.

Ниту еден од актуелните достапни третмани не успеал да го забави или да го запре оштетувањето и смртта на невроните во мозокот кои предизвикуваат симптоми на Алцхајмерова болест.

Тоа е причина заради која болеста е не крајот смртоносна.

Куркуминот го менува тоа и им дава нова надеж на заболените –го запира пропаѓањето на когнитивните функции и ги уништува причинителите на болеста, наслагите на плак на мозокот.

Воедно, го зголемува нивото на витамин Е во телото, па најдобрите резултати во лекувањето се постигнуваат во комбинација на куркуминот со витамин Д3.

Освен на заболените, научниците и лекарите истражуваат како може да им помогне на оние кај кои постои ризик од настанување на ова заболување за да го запрат на време.

Куркуминот се покажал како делотворен и во лекувањето на разни невродегенеративни болести.

Како делува куркуминот при лекувањето на Алцхајмеровата болест?

  1. Го штити мозокот од оштетувања

Антиоксидансите во куркуминот го штитат мозокот од оштетување.

Задолжени се и за стимулација на матичните клетки на мозокот кои подоцна се претвараат во неврони.

Тие имаат важна улога во опоравувањето на мозокот после мозочен удар и потешки болести.

  1. Природно средство против воспаленија

Симптоми на Алцхајмер за кој е специфично воспаление на нервните клетки делумно можат да ги ублажат и конвенционалните лекови на база на ибупрофен. Но за последица тие лекови можат да имаат токсично дејство на бубрезите, црниот дроб и системот за варење, додека куркуминот нема токсично делување и го штити целиот организам.

Куркуминот ги лекува воспалителните процеси и го штити мозокот од нови оштетувања.

Природната состојка на куркумата успешно го раствата и насобраниот плак и ја поправаат физиолошката штета настаната со неговото таложење во крвните жили во мозокот.

  1. Ги штити функциите на мозокот и му ја враќа способноста за мемории и за разбирање.

Оваа природна состојка ја чува способноста на функционалната меморија и ја јакне когнитивната функција на мозокот, помеѓу останатото, на можноста за разбирање, помнење и изразување.

Во списанието Ayu уште во 2012. година се објавени резултати од студии во кои пациентите земале куркумин во период од 3 месеци во доза од 100 мг дневно.

Забележани се неверојатни резултати и повлекување на симптомите, меѓу кои биле и апатијата, стравот, сомничавоста, инконтиненцијата, деменцијата, промена на расположението и други тегоби.

После година дена користење на куркумин, во една студија, тешко заболен пациент успеал да ги препознае членовите на своето семејство, а истовремени, симптомите кои се повлекле, повеќе не се вратиле.

Новите истражувања откриваат дополнителни можности за искористување на куркуминот во лекувањето на бројни други болести и состојби, запирање на ризикот од заболување и целосно опоравување од болеста.