Леб со пиво за долги и мрзеливи попладниња

Блогерката 50 shades of hunger има рецепт за „мрзлив“ леб кој ниту се меси ниту се чека да стаса...

0
203

Повремено се случува да немате довоно леб, а мрзливи сме за да одиме во пекара или во продавница или пак не мрзи да го месиме и и да чекаме да стаса. Имам решение и за тој проблем…

Овој вкусен леб не се меси, не стасува, експресно е готов и содржи една интересна состојка – пиво.

Немојте да бидете скептични, испробајте го и уживајте!

Други рецепти на блогерката 50 shades of hunger побарајте на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм профил!

Состојки:

375 г брашно

3 лажички прашок за пециво

1 лажичка сол

Прстофат шеќер

350 мл пиво

100 г путер (за премачкување)

Приготвување:

Помешајте ги сувите состојки и додадете пиво. Преместете го тестото во намрсен калап за леб и премачкајте го со растопен путер.

Печете во загреаната рерна на 200 степени околу еден час.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.

loading...