Летна салата со бамји

Оваа богата салата содржи некои од најдрагоцените летни намирници: бамји, домати и слаткa пченка, кромид и авокадо. Се разбира, се подготвува брзо и лесно.

0
425

Состојки:

1/2 кг свежи бамји

1 пченка

1 голем виолетов кромид

околу 15 шери доматчиња

3 лажици маслиново масло

сол, црн пипер

1 зрело авокадо

Приготвување:

Во големо тенџере со зовриена солена вода, бланширајте ја бамјата додека не стане светло зелена (околу 30 секунди). Добро исцедете и оставете да се олади до собна температура. Исечете ја бамјата на парчиња и исфрлете ги рачките.

Додадете ги пченката, кромидот, маслиново масло, морска сол и црн пипер во голем сад за салата и помешајте нежно додека маслиновото масло не се распореди рамномерно. Оставете ја да отстои околу 30 минути или повеќе.

Пред сервирање, исечете го авокадото на парчиња и распоредете го врз салатата.

loading...