Лимон коцки

Овие коцки се прекрасен и вкусен колач кој можете бргу и лесно да го подготвите. Добро би било да најдете органски лимони од кои ќе можете да ја искористите и кората со што колачот ќе биде уште повкусен.

0
241

Овој колач е ефектен за секоја пригода. Овој рецепт е за калап со димензии од 20×20 цм, па внимавајте на дозите доколку имате поголем калап. Кога ќе го извадите од рерна почекајте да се олади па дури потоа поросете шеќер во прав.

Можете да го чувате во херметичќки затворен сад во фрижидер 3 до 4 дена.

Состојки:

230 г брашно

200 г шеќер

250 г путер

6 жолчки

150 мл сок од лимон

Кора од лимон

Прстофат сол

Шеќер во прав

Приготвување:

150 г од омекнатиот путер помешајте со 70 г шеќер.

Додадете прстофат сол и брашното и замесете тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои пола час.

Расукајте го тестото и префрлете го во намрсен калап и избоцкајте го со вилушка на неколку места, па ставете го во загреана рерна на 170 степени околу 15 минути.

Растопете во еден сад 100 г путер и оставете го да се излади.

Накратко измешајте ги жолчките со 130 г шеќер, додадете го растопениот путер, сокот и кората од лимон  и полека измешајте за да се соединат состојките.

Извадете го калапот од рерна и истурете го одозгора кремот па израмнете го убави и вратете го во рерна да се пече уште 15 минути.

Оставете го колачот да се олади, поросете со шеќер во прав и исечете го на коцки.

loading...