Мали пити со костени и круши

Состојките на овие пити се едноставни иесенски и создаваат интересна комбинација на вкусови. Зачините дополнително го збогатуваат овој рецепт.

0
62

Состојки:

За тестото:

100 г брашно

250 г сварени и исчистени костени

85 г кафеав шеќер

1 лажица ванилин шеќер

1 жолчка

100 г путер

За полнењето:

4 круши

1 лажичка путер

2 лажици кафеав шеќер

¼ лажичка цимет

Темно чоколадо

Приготвување:

Замесете ги сите состојки. Не ги дробете костените затоа што секако ќе се здробат во текот на преработката. Правете ја смесата брзо за да не се стопи премногу путерот. Оставете го тестото во фрижидер околу 20 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот. Измијте ги и излупете ги крушите, па исечете ги на мали коцки и печете ги околу 15 минути со путерот, шеќерот и циметот во прав. Крушите мораат да бидат цврсти за дане се претврорат во каша, а можетеда користите и други зачини по ваш избор.

Ставете хартија за печење во тепсијата.

Расукајте го тестото на набрашнета површина. Дебелината на тестото треба да биде околу 3мм. Исечете кругови со помош на тркалезна форма или чаша (едните кругови треба да се околу 6.5 цм, а другите – 7цм). Кругот што ќе биде основа треба да е нешто помал. Во средина од кругот ставете малку исечкано чоколадо, по лажица круша, уште еден слој чоколадо и на крајот покријте со другиот круг и полека со прстите  спојте ги рабовитеи уштееднаш со вилушка добро притиснетеза да се затворат целосно.

Направете мали дупчиња на врвот од секое колаче за да овозможитеда излезе пареата која се создава во текот на печењето. Печете ги колачитеоколу20 минути на 175 ° C. Кога ќе се оладат поросете ги со шеќер и со какао.

Рецептот е преземен од ТУКА.

loading...