Мармалад од малини и чоколадо

Комбинација за сите кои сакаат да јадат благо, но сепак внимаваат на здравјето

0
88

Состојки:

500 г свежи малини

200 г шеќер

сок од пола лимон

60 г црно чоколадо (70% какао)

1 лажица ликер од портокал

Приготвување:

Измијте ги малините и исушете ги па ставете ги да се варат со шечер и со сок од лимон.

Варете на тивок оган за да се стопи шеќерот и постојано мешајте.

Кога ќе проврие, варете 10 минути и извадете ја пената која излегува на површината.

Додадете рендано чоколадо и ликер, сѐ добро измешајте и варете уште неколку минути.

Ставете го мармаладот во стерилизирани тегли.

loading...