Митови кои ја саботираат вашата диета

Мислевте дека јаглените хидрати се виновни за дебелеењето, дека суплементите можат да бидат замена во случај на недостаток на одделни витамини и слично?

0
143

Сите помалку или повеќе ги знаеме правилата на здравата исхрана: важно е да се јаде многу свежо овошје и зеленчук, да се ограничи внесувањето масти и да се пие многу вода. Но под тие основи се кријат многу митови кои едноставно не ни дозволуваат да се придржуваме до сите смерници за здрава исхрана.

Ова се некои од најчестите.

Суплементите можат да ги надоместат нутриентите. Нутриционистите велат дека е секогаш подобро витамини и минерали да се внесуваат преку храната отколку преку суплементи и витамински додатоци и тие едноставно не можат да помогнат ако нездраво се храните. Не се залажувајте. Нутриентите од суплементите сосема поинаку се апсорбираат од оние од свежите намирници.

Напитоците со кофеин предизвикуваат дехидрација. Со години се верува дека напитоците со кофеин имаат диуретски својства и предизвикуваат засилено мокрење, но најновите истражувања тоа го побиваат. Стручњаците велат дека би морале да пиете навистина големи количини кафе за да ве дехидрираат.

Со прескокнување на појадокот штедиме калории. За ова сме пишувале многу пати досега. Имено, клуч за здравата исхрана се редовни оброци кои се добро избалансирани. Ако го прескокнете појадокот поголеми се шансите во текот на денот да внесете повеќе калории отколку што би внесле доколку сте земале нешто за појадок.

Јаглените хидрати во исхраната дебелеат. Луѓето веруваат дека јаглените хидрати се виновни за дебелеењето. Но она поради што се дебелеете е преголемото внесување калории, а не односот на протеини и јаглени хидрати кои ги внесувате во текот на денот. Јаглените хидрати треба да бидат дел од секоја здрава исхрана само треба да внимавате на количините и на начинот на кои ги трошите.

Овошните сокови се еднакво здрави како и свежото овошје. Ова важи само ако сами ги подготвувате овошните сокови, без никакви додатоци, ако пак купувате готови сокови кои се полни со конзерванси и шеќери вашата теорија паѓа во вода.

loading...