Мрзлив ручек за „зеленчукојадци“

Толку е здрав, вкусен и нискокалоричен, што не треба да ве гризе совеста дури и ако секој ден им го сервирате на домашните во најразлични комбинации...Главно, за ниту една не треба повеќе од пола час, а можете да ги јадете дури и сирови

0
349

Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, па се препорачува во диетите за слабеење.

Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, а се верува и дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта.

Исто така, ја подобрува и концентрацијата и содржи значајни количини витамин.

Затоа, ако ве мрзи да готвите, без грижа на совест „спукајте“ еден брз ручек со тиквички.

 Состојки:

2 тиквички

2 јајца

150 г сирење

пармезан за поросување

2 лажици брашно или презли

сол, црн пипер, копар или други зачини по ваш вкус

Приготвување:

Изрендајте ги тиквичките, посолете и оставете ги да пуштат течност.

Исцедете ги, па измешајте ги со матените јајца, здробеното сирење и 2 лажици брашно или презли, зачинете, измешајте и ставете ја смесата во подмачкан огноотпорен сад и печете додека не се зарумени во загреана рерна на 180 степени.

Извадете го тавчето, поросете одозгора пармезан и вратете го уште пет минути во рерната.

 

 

loading...