МУсака со бешамел сос

Кој МУ САКА, кој му нејќе, ама ова е дефинитивно едно од највкусните вистински јадења за лето...и тоа, токму со модри патлиџани и токму со бешамел сос

0
101

Состојки:

3-4 модри патлиџани

500 г мелено месо

1 кромид

200 мл сос од домати

маслиново масло

сол, црн пипер

Состојки за бешамел сос:

50 г путер + 1 лажица маслиново масло

2 лажици брашно

500 мл млеко

1 павлака

сол, црн пипер, лук во прав

Приготвување:

Кромидот се сечка и се пропржува на масло, а по 2-3 минути се додава и месото и се зачинува. Се динста додека не ја смени бојата, а потоа се додава и сосот од домати.

Во меѓувреме се мијат и се сечат доматите на тркалца и се редат во намрсена тепсија и се прави бешамелот.

За бешамел сосот се ставаат путерот и 1 лажица маслиново масло во тенџере, па се додаваат две лажици брашно и се пропржува па потоа, постојано матејќи со рачна маталка се додава млекото и се зачинува. Убаво мешпајте за да не се направат грутчиња. На крајот додадете ја павлаката, измешајте и тргнете го тенџерето од оган.

Врз наредените патлиџани распоредете го меленото месо, па наредете уште еден ред модри патлиџани и одозгора истурете го бешамелот. Ставете да се пече во загреана рерна околу 30-40 минути па исклучете.

 

loading...