Намаз од тиква

Тиквата е вкусна, лесно сварлива и богата со нутриенти поради што своето место го наоѓа во многу јадења.

0
358

Одлично оди со тост, крекери, како додаток на јадењата. Не треба многу да размислувате како да го послужите – дoволно е да го намачкате на тост и по желба да го зачините со масло од тиква и семки.

Состојки:

500 г тиква (хокаидо или батернат)

2 чешниња лук

2 лажици семки од тиква

Маслиново масло

Сол, мускатно оревче

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја 15-20 минути, додека не омекне. Пуштете ја да се олади, а потоа ставете ја во блендер и измешајте. Додадете лук, семки, сол, црн пипер и постепено додадете маслиново масло, мешајте додека не добиете кремав намаз.

Фото: Pexels