Намаз од урда и авокадо

Едната состојка е навистина евтина, а за другата треба да одвоите нешто повеќе. Сепак, кај нас може да се најде свежа и вкусна урда во солена и несолена варијанта, а можете да најдете и авокадо кое нема да ве чини повеќе од 100 денари.

0
567

Состојки:

100 г свежа урда

1 авокадо

1 лажичка сок од лимон

По желба, сол, црн пипер, ѓумбир, чили

Неколку ливчиња босилек

Приготвување:

Исчистете го авокадото и згмечете го, додадете му сок од лимон и добро измешајте. Потоа додадете ја свежата урда и исечканиот босилек, а и останатите зачини по желба. Намазот можете да го збогатите и со сушени домати или со некои други зачини по ваш вкус. Ова може да го јадете како појадок, меѓуоброк или како ладно предјадење.

Оваа количина е предвидена за две лица.