Наместо помфрит

Иако палентата подготвена на класичен начин може да биде многу вкусна и совршено надополнување на најразлични јадења, подготвена на овој начин, верувајте, ќе биде сосема поинакво, но неодоливо вкусно искуство.

0
381

Пржената палента е одличен додаток на јадења со месо, разни чорби од зеленчук и може да биде самостојно мезе со малку сос.

Состојки:

Ладна палента

1 лажичка сушен рузмарин

1 лажичка сецкан лук

сол и црн пипер по вкус

маст или путер за пржење

Приготвување:

Загрејте доволна количина маст за пржење во тавата. Додадете рузмарин по вкус. Пржете ги парчињата палента по 5 минути од секоја страна. Ставете ја пржената палента на хартиени салфети за да се апсорбираат вишок маснотии. Зачинете и послужете со сос или со главниот оброк.

Фотографијата е од ТУКА.