Наскоро: Нова тура готвење

Серијата „Часови за готвење слоу фуд“ која стартуваше на 8.декември, со шеф Маре Јаневска, продолжува на 26 јануари со ново, сезонско мени на шеф Бобан Симоновски

0
340

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ продолжува со реализацијата на проектот „Часови за готвење слоу фуд“ кја стартуваше во декември минатата година, а ќе трае до март оваа година.

Првиот час за готвење со шеф Маре Јаневска беше посветен на темата: Сирење на трпезата. На 26.јануари следува нова тура од 5  часови за готвење со шеф Бобан Симоновски, а темата е „Тркало на сезоната“.

Со помош на инструкциите на шеф Бобан Симоновски ќе имате можност да се запознатете и да сепотсетите на тркалото на сезоната, да сварите супа од целер и прокељ, да свиткате сармички од зелка со спанаќ, маслинки и мелени лешници, да подготвите мус од костени.

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Со секој купен ваучер (1.200 ден.), учесниците добиваат намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

За повеќе информации посетете го овој линк.

loading...