Најдобар појадок за слабеење: најдолго сте сити и јадете помалку за ручек!

Овој ефтин и здрав оброк гарантира долгорочно симнување на вишокот килограми, а патем го намалува и ризикот од рак, го снижува холестеролот и го стабилизира притисокот

0
1306

Сите знаеме дека е појадокот најважен оброк во денот, особено ако сакате да ослабнете. Но доколку уште околу 10 или 11 часот почнувате да чувствувате глад, почнете да размислувате за тоа попаметно да ги одбирате намирниците за тој најважен оброк во денот.

Најдобар избор е – овесна каша. Тоа го потврдува и најновото истражување објавено во списанието Annals of Nutrition & Metabolism.

Истражувањето опфатило 36 мажи и жени кои биле поделени во три различни групи: првата јадела овесна каша за појадок, втората јадела корн флејкс (пченкарни снегулки), а третата го скокала појадокот и пиела само вода.

И првата и втората група внесувале вкупно 350 калории. Во следните три часа сите учесници морале во повеќе наврати да ја бележат состојбата на ситост, а давале и примероци од крв за да им се следи нивото на шеќер и инсулин во крвта. После тоа сите добиле ист ручек кој требало да го консумираат додека не се најадат.

Како и што очекувале, научниците потврдиле дека онаа група луѓе кои јаделе овесна каша биле најмалку гладни во текот на утрото и пладнето и изеле 31 отсто помалку калории за ручек. Освен тоа овесната каша имала најповолно делување и кај лицата со прекумерна телесна маса, тие консумирале дури 50 отсто помалку калории во текот на ручекот.

Испитаниците кои појадувале пченкарни снегулки после три часа го имале истото чувство на глад како и испитаниците кои пиеле само вода (а и изеле еднаков број калории за ручек како и оние кои ништо не појадувале).

Зошто е тоа така иако испитаниците изеле иста калориска вредност пченкарни снегулки и овесна каша? Затоа што овесната каша се задржала подолго во желудникот, додека корнфлејксот (кој има висок процент на шеќер) предизвикува голем пораст на глукоза во крвта, но и нејзин брз и нагол пад.

Ова истражување е само уште едно во низата која потврдува колку е овесната каша корисна ако сакаме да симнеме килограми, затоа што оние 31 и 50 отсто помалку внесени калории секако ќе се почувствуваат низ подолг период.

Зошто баш овес?

Овесот и неговите варијанти како што се кашата и снегулките се исклучително здрава и многу поволна храна. Ако мислите дека овесна каша се јаде само за појадок, се лажете. Таа може да се меша со речиси сите јадења, како прилог, додаток во варивото или салатата или пак различни благи верзии. Може да биде и основа за здрави десерти.

Подолго сте сити

Влакната кои ги содржи овесната каша делуваат такашто го зголемуваат волуменот на изедената количина во нашиот систем за варење, заради што после овесната каша ќе се чувствувате подолго сити. Освен тоа, благодарение на влакната го стимулира варењето и го активира метаболизмот па е иделана храна за сите оние кои сакаат да ослабнат.

Го намалува холестеролот

Богата со здрави влакна, овесната каша има својство да ги врзе за себе маснотиите и така го снижува нивото на лош холестерол во крвта. На тој начин го штити и здравјето на срцето и крвните жили и го намалува ризикот од настанување на срцев и мозочен удар.

Го намалува притисокот

Од сите јадења со кои можете да го стабилизирате притисокот, овесната каша е една од најмоќните намирници. Делотворната состојка на овесната каша е лигнанон, растително влакно, а студиите покажуваат дека со редовно земање може да го снижи крвниот притисок и до 30 отсто.

Го намалува ризикот од рак

Целозрнестите намирници, вклучително и овесните снегулки, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, покажала студијата објавена во списанието British Medical Journal. Освен тоа, студиите покажуваат дека овесот го намалува ризикот од рак на дојка, простата и на јајници.

Не е скапо

За само 40 денари можете да купите пола килограм овесни снегулки кои ќе ви траат една недела.

Интересно:

Џеси Галан (која умрела во 110-тата година од животот), го открила својот рецепт за долговечност. Оваа најстара жителка на Шкотска која се до смртта имала одлично здравје и меморија, ја открила својата тајна: „Секое утро јадете топла овесна каша и избегнувајте мажи!“

loading...