Не ги фрлајте остатоците од храна, искористете ги!

Многу остатоци од храна или отпадоци кои настануваат при готвењето можат повторно да се искористат. На пример, што можете да правите со кората од банана или со талогот кафе?

0
336

Што правите обично со кората од банана, со талогот од кафе, обвивката од путерот или со лушпите од кромид? Веројатно ги фрлате. Тоа е вистинска штета бидејќи овие остатоци можат да се искористат за некои други цели и на тој начин да се заштеди.

Еве како.

Кора од банани

Кората од банани е сестран помошник во домаќинството. На пример, можете да ја користите за чистење на чевли на тој начин што со внатрешната страна од кората ќе поминете преку кожните чевли, а потоа ќе ги исполирате со сува крпа.

Освен тоа, со кората од банана може одлично да се исчистат предметите од хром, челик или сребро. Помага и при убоди од комарци, кај надразнета кожа ижуркана од коприва и кај други иритации на кожата.

Едноставно, ставете го на тие места внатрешниот дел од кората банана и иритацијата ќе се ублажи.

Обвивка од путер

Ако го вадите путерот од обвивката и го ставате путерот во сад за путер во фрижидер, наместо да ја фрлите обвивката, искористете ја на следниот начин: ставете ја во пластична кесичка и ставете ја во замрзнувач, па кога следниот пат ќе треба да ја намрсите тепсијата за печење, извадете ја обвивката од путерот и употребете ги остатоците од путер на неа за премачкување.

Белка или жолчка?

Често во рецептите се бара само белка или само жолчка. Она што ќе ви остане лесно можете да го зачувате во замрзнувач такашто ќе го ставите во сад кој може херметички да се затвори.

На белките додадете им трошка шеќер или сол за да ја задржат својата структура по одмрзнувањето. Еден ден пред да ви затреба, извадете го од замрзнувач и ставете го во фрижидер полека да се одмрзне.

Лушпи од кромид

Какo што лушпите од кромид се користат за боење на јајца за Велигден, неа можете заедно со кромидот да ја препржите во тавче и да ја ставите во супа. Супата ќе добие примамлива жолтеникава боја.

Половинки од лимон

Кога ќе го истискате лимонот, не ја фрлајте кората, туку со неа исчистете го мијалникот, кадата или ставете ја во делот за прибор во машината за миење садови. Ќе му даде сјај на приборот и одличен мирис на машината.

Остатоци од кашкавал

Тврдата кора од кашкавалот обично ја фрламе, но наместо тоа, можеме да ја искористиме за да го подобриме вкусот на супите. Затоа, замрзнете ги остатоците од кората и кога ќе варите супа, ставете ги внатре, а пред послужување, извадете ги.

Талог од кафе

Дали знаевте дека талогот од кафе е одлична храна за цвеќето кое сака кисело тло (на пример, родендрони, хортензии).

Но влажниот талог од кафето брзо буѓосува и зата треба да се распореди на поголема површина и во тенок слој за да се исуши пред да го помешате во земјата.

Фото: Pixabey

loading...