Нови идеи: Како најдобро да ги искористите краставиците?

Краставиците можете да ги замрзнете. Излупете ги, изрендајте ги и наполу исцедени ставете ги во кесичка и во замрзнувач. Можеби звучи чудно, но од нив можете да направите и мармалад

0
119

При приготвувањето оброк ставете ги замрзнати во садот за готвење. Можете да направите вариво од краставици со компир и да го зачините со копар и кисела павлака. Посебно вкусна е и ладната гаспачо супа од исечкани свежи краставици и домати. Сосот од јогурт, краставици, мента и малку мелен пипер може да стои во фрижидерот подолго отколку самите краставици.

Сокот од краставици е богат извор на калиум, па вишокот излупени краставици за салата, изматете ги во блендер и добиениот сок може да стои во фрижидер и до една недела, а добро оди со сок од јаболко, цвекло, лимон, минерална вода и рендан корен ѓумбир. Помешајте го со сок од морков и целер, мед и нане.

Ако краставиците не ги употребите  веднаш по берењето или во рок од три дена, искористете ги за приготвување на ручек. Преполовете и и наполнете ги со динстано мелено месо, долејте вода и динстајте на тивок оган или печете ги покриени во рерна. Можете пресечени на неколку помали парчиња да ги издлабите и да ги наполните со смеса од сирење, павлака, ситно сечкани разнобојни пиперки и шунка.

Со помош на вреќичка за украсување наполнете ги издлабените краставици и послужете ги изладени како канапе сендвичи.

Од краставици можете да направите и мармалад, такашто ќе помешате ситно сечкани краставици со двојна количина на шеќер, сок од лимон и малку сок од цвекло. Кратко проварете го марламаладот, тргнете го од оган и додадете купечки пектин па наполнете ги стерилизираните тегли.

loading...