Нутриционистите откриваат зошто е пицата поздрав појадок отколку житарките

Иако обично за појадок се препорачува каша од житарки или јајца, познатата американска нутриционистка Челси Ејмер открива дека за појадок е многу корисно да се јаде пица!

0
284

„Секако, не велам дека пицата е најздравиот оброк, но е многу подобра за појадок отколку житарките“, нагласува д-р Челси Ејмер.

Содржи протеини

Во пицата има сирење, а со самото тоа и протеини кои наутро му се неопходни на организмот. Затоа, ако изедете парче пица до 10 часот наутро – тоа не е само вкусен, туку и корисен оброк. Во овој случај, телото е заситено и нема да ви биде потребен уште еден оброк до ручекот.

Масти наместо шеќер

Парче пица содржи повеќе масти и многу помалку шеќери од повеќето производи кои се препорачуваат за појадок.

Јаглени хидрати

Пицата содржи протеини, масти, а истовремено и јагленихидрати – и тоа е многу избалансиран појадок! Главната работа е да не претерате со пицата. Доволно е само едно парче.

„Исто така, треба да се обрне внимание и на составот на производот“, вели нутриционистот.

Ќе бидете изненадени со фактот дека во просек едно парче пица содржи ист број калории како и порција житарки и млеко. Меѓутоа, во млекото и житарките нема протеини, нема масти, нема зеленчук.

loading...