Овој зачин се користи најмногу во декември, а за тоа има и одлична причина

Освен што се ароматични, каранфилчињата се и меѓу најздравите зачини на светот

0
660

Токму во декември каранфилчињата се користат почесто од обично, во приготвувањето на напитоци и на најразлични колачи.

Сепак, тие не се само зачин, туку и лек за многу болести. Познато е дека имаат силно антивоспалително дејство и е одличен избор за ублажување на забоболките и лошиот здив.

Содржи минерали калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган и селен, но и витамини Ц. Б6, Е, К, фолна кислеина, тиамин, рибофлавин и ниацин.

Во некои земји стоматолозите го користат неговото масло за дезинфекција на забите пред операција, заради силното антибактериско дејство.

Не без причина каранфилчето е меѓу најздравите зачини во светот заради своите антиоксидативни својства, а постојат и докази дека одредени соединенија во каранфилчињата делуваат како антихистаминици.

Станува збор за еден од најсилните природни разредувачи на крвните згрутчувања. Данските истражувачи откриле дека во растварањето на крвните згрутчувања каранфилчињата имаат посилно дејство од аспиринот, кој на многумина им е дел од терапијата во лекувањето на висок крвен притиаок и покачен холестерол во крвта. Ако ви требаат уште причини за да го користите овој зачин, додаваме дека е познат и како природен афродизијак.

Фото: Pixabay

loading...