Печурки ли се печурки…

Здрави, вкусни, едноставни за спремање, печурките се одличен избор кога сакате ем брзо, ем здраво

0
127

Печурките се навистина вкусни и одлично одат со секое јадење, но се одлични и сами за себе, како цел оброк.

Од нив можете да направите крем супа со печурки, печурки на скара, полнети печурки, сос од печурки – како и да ги јадете, тие се вкусни, но здрави.

Во себе содржат цитин – состојка која помага при алергии, а со редовно консумирање, го намалуваат и ризикот од разни заболувања, меѓудругото, и од Алцхајмер.

Го зајакнуваат нашиот имунитет и ги чистат отровите од телото, па трудете се да ги имате што почесто во исхраната.

Печурките се богати со протеини, витамин Б и витамин Д, а поделотворни се покажале вообичаените видови печурки за разлика од оние поскапите и егзотичните, како, на пример, шитаке. Печурките веќе долго се користат во традиционалната медицина, а некои лабораториски тестирања веќе покажаа дека состојките на печурките може да му помогнат на организмот во борбата против туморот.

Кај нас најмногу се трошат шампињоните и буковките, а особено уживање и посебен вкус на сѐ во што ќе се додадат, дава и вргањот кој најчесто се јаде сув и како додаток во некој оброк, а не сам за себе.