Печурки со јајца

Ова е хранливо јадење кое може да послужи и како ручек, особено за оние кои не јадат леб. Од печурки можете да употребите шампињони, буковки, вргањ, лисичарки,...

0
98

Состојки:

500 г печурки

2 чешниња лук

1 кромид

6 јајца

Магдонос

4 лажици путер

Сол, црн пипер

По желба: неколку лажици слатка павлака.

Приготвување:

Исечете ги печурките на парчиња, ситно исечкајте го магдоносот. Изматете ги јајцата со вилушка, а ако користите слатка павлака, додадете околу 2 лажици во јајцата.

На путер малку издинстајте ги печурките па додадете госитно сечканиот лук. Прелијте со јајцата, зачинете и додадете го кромидот. Мешајте и внимавајте да е се препече.

Фото: unsplash.com

loading...