Пилешко полнето со сос од авокадо

Сигурно сте слушнале за гвакамоле сос кој се прави од авокадо. Еве еден рецепт за прекрасно пилешко полнето токму со тој сос.

0
60

Состојки:

4 помали парчиња пилешки гради

1 зрело авокадо

2 лажици исечкан црвен кромид

¼ шолја исечкан домат

1 лажица сок од лимета

2 јајца

Сол, црн пипер

2 лажички кора од лимета

½ лажичка лук во прав

¼ лажичка чили во прав

¼ лажичка мелен кумин

1 шолја лебни трошки

Приготвување:

Вклучете ја рерната да се грее на 200 C, истенчете ја и оставете ја настрана. Исчистете го авокадото и згмечете го со вилушка во помал сад, додадете сок од лимета, црвен кромид, домати и малку сол.

Добиениот сос премачкајте го врз месото, завиткајте и прицврстете со чепкалки. Во плитка чинија изматете јајца, а во друга чинија ставете ги лебните трошки, кора лимон, лук, чили, кумин, малку сол и црн пипер и сѐ измешајте. Ролните прво извалкајте ја во јајца, потоа во трошки и наредете ги во тепсија.

Печете 30 минути во загреана рерна.

loading...