Погачици без месење

Ние секогаш ви нудиме брзи и лесни рецепти за кои не ви треба ниту многу време ниту многу искуство. Таков е и овој. Проверено!

0
643

Состојки:

1 шолја кисело млеко
1 прашок за печиво
2 јајца
1/2 шолја масло
150 г сирење
1 ипол шолја брашно
Приготвување:
Изматете ги јајцата, додадете ги киселото млеко, маслото, брашното и прашокот за печиво и на крајот додадете го здробеното сирење.
Земајте од смесата со лажица и ставајте на тепсијата во која претходно ќе ставите хартија. Оставете помеѓу простор затоа што ќе пораснат. Ако ви се залепат една за друга не е страшно. Ќе ги раздвоите откако ќе се испечат.