Полжавчиња со цимет

Во Шведска можете да ги најдете во пекарите под различни називи, како kanelbullar, а најдобро одат со кафе. Во нив нема ништо за што мора да се оди дури до Шведска, такашто, ако баш не ве води патот натаму, не мора да одите во Шведска само за да ги пробате. Направете ги дома.

0
261

Состојки:

За тестото:

250 мл млако млеко

110 г путер

2 јајца

1 сув квасец

3 лажици шеќер

750 г брашно (ако ви е премногу меко тестото, додадете уште малку брашно)

½ лажичка сол

За премачкување

2 лажици шеќер во прав + малку растопен путер + малку млеко

Фил

100 г стопен путер

5-6 лажици кафеав шеќер

2 лажици цимет

По желба можете да ставите и суво грозје.

Приготвување

Растопете го путерот на тивок оган па додадете млеко и мешајте. Тргнете ја смесата од огнот.

Помешајте ги брашното, солта, квасецот и шеќерот. Во средината ставете го путерот растопен во млекото и 2 јајца.

Префрлете ја смесата на работната површина и замесете па оставете го тестото покриено со проѕирна фолија да одмара 30 минути.

Загрејте ја рерната на 180°C. Измешајте ги циметот и шеќерот, а растопениот  путер оставете го во посебен сад.

Расукајте го тестото во облик на квадрат со дебелина од околу 3 мм и со четкичка премачкајте го со растопениот путер. Одозгора поросете го рамномерно шеќерот и циметот. Завиткајте го тестото во ролна.

Со помош на конец сечете од ролатот парчиња дебели колку еден прсти ставајте ги во тепсија врз хартија за печење. Печете ги околу 20 минути, а потоа, кога ќе се подоладат прелијте им по малку од смесата со шеќер во прав и сварете си кафе.