Понеделнички, здраво, брзо, шарено

Полна уста вкусови и чистка во фрижидерот. Сé што ви заостанало во фрижидерот, па дури и ако е малку овенато, брокула, тиквичка, пиперка, праз,... и плус, свежа салата од зелка

0
237

Доаѓате од работа, миете раце, ставате престилка.

Го отварате фрижидерот. Внатре имате една црвена пиперка, 2 китчиња брокула (малку овената), 1 тиквичка (прилично неугледна, ама сé уште цврста), праз, две закржлавени морковчиња.

Ги миете, лупите, сечкате. Ги ставате во сад за печење, попрскувате со маслиново масло, сол, црн пипер, малку чили, додавате еден филџан ориз, 3 филџани вода, ставате во загреана рерна и одите да се пресоблечете.

Се враќате во кујна, рендате од зелката, ја зачинувате со сол, копар, јаболков оцет и пак малку чили, ако сакате луто.

Оп, и зеленчукот е готов, ручекот на маса и навалете.