Посни ќофтиња од грав

За оние кои се љубители на гравот, ова е само уште еден одличен рецепт, а за оние кои не се големи љубители, одлична варијанта како да го засакаат

0
440

Состојки:

Грав

Масло

Праз

Сусам

Сол, црн пипер

Приготвување:

Сварениот грав исцедете го од водата и згмечете го со вилушка или во блендер. Зачинете го и направете топчиња (ќофтенца)

Исечкајте и пропржете праз на маслото, ставете црн пипер, па распоредете го во една тепсија за печење.

Одозгора наредете ги ќофтенцата од грав, поросете со сусам, и ставете во рерна да се пече.

loading...