Претседателката на ГастроМак најави грандиозен гастрономски спектакл

Четвртиот Интернационален кулинарски настан - „ГастроМак 2019“ годинава за домаќин го има Охрид, а мотото што ќе ги екипира сите љубители на гастрономијата од 10 до 14 октомври е „Don’t Worry, Be Ohrid!” („Не се грижи, биди Охрид!“), најави Андријана Алачки на денешната средба со новинарите

0
289

На денешната средба со новинарите организаторите на ГастроМак, Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, во пресрет на високорангираниот интернационален натпревар на светските готвачи најавија присуство на над 300 учесници – натпреварувачи од 30 земји и грандиозен гастрономски спектакл.

На настанот ќе се натпреваруваат готвачи од Дагестан, Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска…, па дури и од Сибир, а ќе бидат пристуни над 90 лиценцирани WACS судии, гастрономски амбасадори и почесни гости од сите краишта на планетата.

Претседателката на „ГастроМак“, Адријана Алачки, за старт на ГастроМак 2019. најави големо дефиле на учесниците, судиите, мастер предавачите на 10.октомври, кога и официјално ќе се отвори „Гастромак 2019“, а најави и многу интересни и едукативни содржини, натпревари и програма за сите вкусови и генарации, но и хуманитарни настани.
Натпреварувањето на учесниците ќе биде во хотелот Нова Ривиера, додека пред хотелот ќе се случуваат презентации и дегустации за сите гурмани.

Еден од настаните што не треба да се пропушти е Фиш фест на шеф Дон Давид, (BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID), што ќе се случува на 12. октомври, настан во настан, кога судиите, 10 „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара за присутните.

Од „ГастроМак“ најавуваат дека натпреварот е логистички поддржан од WACS – (World Association of Chefs Societies), Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.
„Токму затоа, целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата традиционална култура на нашето, македонското поднебје, и „да ги промовира едукативните процеси кај готвачите и да воведе светски кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна“, информираше шеф Љупчо Гиевски.
На средбата со новинарите беше објавен годинешниот претседател на судскиот тим – познатиот Стево Карапанџа, гастрономски гуру, кој оставил толку многу багаж зад себе, па и по скоро 50 години, предизвикува почит.