Природни средства против главоболка кои сигурно ги имате дома

Чај од ѓумбир и камилица, бадеми, семки од сончоглед, црно чоколадо, суви смокви,...

0
586

Стрес, недостаток од сон, алергии кавги, токсини во вашиот парфем, инфекции – има многу фактори кои можат да предизвикаат главоболка.

За среќа, многу главоболки се привремени и можете многу едноставно да се ослободите од нив без да посегнете по лекови. За тоа ќе ви помогнат многу состојки кои се наоѓаат во вашиот дом.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот ја олеснува главоболката такашто спречува синтеза на простагландините (состојки на масната киселина кои предизвикуваат болка со дејството на нервните завршетоци).

Исто така ѓумбирот помага во отстранување на чувството на мачнина кое често ги следи главоболките.

Направете чај такашто ќе исечкате 2-3 цм корен од ѓумбир и ќе ги прелиете со две шолји вода. Покријте и оставете да отстои 30 минути.

Чај од камилица

Камилицата содржи состојки кои помагаат за ублажување на болката и за опуштање.

Кесичка чај прелијте со зовриена вода и оставете го 10 минути/

По потреба заблажете го со мед и пијте го полека.

Магнезиум

Истражувањата покажале дека до болки може да дојде заради недоволна концентрација на магнезиум во мозокот.

Се препорачува внесување 400 мг магнезиум дневно преку храна или во облик на додатоци во исхраната.

Намирници богати со магнезиум се семките од тиква, сувите смокви и црното чоколадо.

Витамин Б2

Истражувањата го потврдиле позитивното дејство на витаминот Б2 врз главоболките и мигрените/ Кај испитаниците кои земале 400 мг витамин Б2 (рибофлавин) дневно во текот на 3 месеци, зачестеноста на главоболките се намалила за 59 отсто.

Витаминот Б2 можете да го најдете во бадемите и семките од сончоглед. Можете да го земате во облик на додаток на исхраната.

Лаванда и нане

Многумина сметаат дека држете на нозете во топла вода е силно средство против главоболка.

Со тоа го намалувате притисокот на крвните жили во главата. Ако во водата додадетер неколку капки масло од лаванда или од нане, нивната арома уште повеќе ќе ве смири и ќе ви ја олесни болката.

loading...