Производите за кои мислевте дека дебелеат, можете да ги јадете дури и кога сте на диета

На пример, кикириките ќе ве заситат и ќе му ги дадат на телото неопходните и здрави масти. Сепак, знајте дека кикириките и другите намирници за кои зборуваме тука, можете да ги јадете како оброк или како ужина, но не и после обилен ручек. Во тоа е тајната.

0
756

Намирниците за кои сте мислевте дека ве дебелат, се всушност здрави и можат да ви помогнат во текот на диетата да останете подолго сити. Така е на пример, со кикириките кои ќе ве заситат и ќе му ги дадат на телото неопходните и здрави масти. Сепак, знајте дека кикириките и намирниците за кои зборуваме можете да ги јадете како оброк или како ужина, но не и после обилен ручек. Во тоа е тајната.

Мастите се неопходни за нашиот развој, прават да ни е топло, ни ја обезбедуваат енергијата и неопходни се за мозочните функции. Тие претставуваат комбинација од заситени и незаситени масни киселини.

Заситените масти се наоѓаат главно во јајцата, во месото, млечните производи. Доколку ги земате во голема количина можат да ви штетат.

Лошите масти содржат транс масни киселини. Тие го креваат нивото на лошиот холестерол, болестите на срцето и крвните садови, причина се за дебелеење и дијабетес. Транс мансите киселини се наоѓаат во пржената преработена храна, лошите грицки.

Незаситените, здрави маснотии треба да се консумираат секој ден и се наоѓаат во бројни намирници. Здравите маснотии добро влијаат на мозокот, ја прават косата блескава, ја подмладуваат кожата, го подобруваат кардиоваскуларниот систем. Се наоѓаат во растителните производи, маслиновото, лененото, маслото од соја. Исто така, ги има во јаткастите плодови, како ореви, лешници, бадеми, во рибата. Ова се намирници кои го убиваат гладот, а помагаат при слабеењето.

Здравите масти можат да бидат монозаситени и полинезаситени. Монозаситените масти се наоѓаат во јатастите плодови и авокадото, додека полинезаситените се наоѓаат во рибата.

Воведете во исхраната намирници кои содржат добри масти. Лошите масти не се штетни во мали количини, затоа треба да се води сметка.

Фото: Pixabay

loading...