Ролнички од тиквички и сирење

Генијален меѓуоброк, ручек за на работа или едноставен, но ефектен рецепт за дружење со најблиските. Овие ролнички се одлични за секоја пригода.

0
262

Едноставна подготовка, само неколку состојки и овие вкусни ролнички ќе бидат готови.

Ако користите рикота, можете да додадете и јаткасти плодови по желба. Одлично одат со фстаци и индиски оревчиња, додека свежото сирење (урда) може прекрасно да се надополни со ситно сечкан босилек или, евентуално, со чадена црвена пиперка

Состојки:

3 средни тиквици

2 лажици маслиново масло

200 г урда

Свежа мента

Свеж босилек

Сол и црн пипер

Приготвување:

Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки парчиња по должина.

Распоредете ги врз хартија за печење и посолете.

Оставете ги да отстојат околу 10 минути, а потоа исушете ги со хартиени салфети

Загрејте ја тавата и кратко, по пола минута потпечете ги тиквиците од двете страни.

За тоа време измешајте ги во еден сад урдата со ситно сечканите свежа мента и босилек и зачинете по ваш вкус па добро измешајте.

Премачкајте ги тиквичките со смесата и завиткајте ги во ролати. Оставете ги да се изладат и послужете.

loading...