Ротквици – вистински извор на здравје

Раната пролет е вистинско време за нив, а тие се неверојатно добри за чистење на крвта и бубрезите, спаѓаат меѓу најдобриот зеленчук за оние со кардиоваскуларни проблеми, го снижуваат холестеролот, го регулираат дијабетесот, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

0
302

Ротквиците не се омилени само како храна, туку се и ценети како моќен лек уште од римското царство. Тие спаѓаат во истата група како и брокулите, зелката, кељот, …

Брзо растат и лесно се одгледуваат. Имаат малку калории, а полни се со влакна, витамин Ц, фолати, калиум, магнезиум, калциум, железо, витамини од Б-групата. Можете да правите салати смао од ротквици, но можете да ги додадете и во други салати со свеж зеленчук, кашкавал, варено пилешко и маслиново масло.

Благотворни својства

Во повеќе истражувања е докажано дека ротквиците содржат компоненти кои важат како одлични борци против ракот. Содржината на влакната од ротквиците ги прави многу ефикасни во спречувањето и во борбата против ракот на дебелото црево.

Им се препорачува на сите оние кои страдаат од хроничен бронхитис, инфекции на синуси или астма. Имено, ротквиците можат да делуваат како лек против конгестија, затнат нос и дишни патишта. Спаѓаат меѓу најдобриот зеленчук за оние со кардиоваскуларни проблеми, го снижуваат холестеролот, го регулираат дијабетесот, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

Чистење на организмот

Со јадење на ротквици ја стимулирате работата на црниот дроб и жолчната кеса и ја чиситоте крвта. Влакната од ротквиците го регулираат празнењето на цревата, па поефектно ги исфрлате токсините и ја спречувате појавата на запек.

Покрај тоа што ги чисти бубрезите, овој зеленчук (особено сокот од ротквици) е многу ефикасен во спречувањето на инфекции на уринарниот тракт. Сокот од ротквици (препорачливо е да се помеша со друг зеленчук или овошје, како со морков и јаболко) може да ги ублажи симптомите, како и пецкањето во текот на инфекциите на уринарниот тракт, па и помага побрзо да се ослободите од инфекциите.

Сето ова зборува во полза на ротквиците како одлична здрава храна, препорачлива и за оние кои сакаат да ослабнат.

За кожата и убавината

Ротквиците делуваат неверојатно добро и на кожата. Со нивна помош можете да се ослободите од акните, ако пиете сок од ротквици или со помош на маски од ротквици.

Овој зеленчук делува противвоспалително, содржи витамин Ц и антиоксиданси.

loading...