Сакате здрав и вкусен појадок?

Ова е вистинска енергетска бомба со која ќе бидете сити барем до попладне. А внатре имате сѐ, па дури и јатки и семки кои инаку ги јадеме помеѓу оброците

0
115

Еве рецепт за една вкусна чоколадна овесна каша со чиа семе.

Состојки (за 2 порции):

4 полни лажици овесни снегулки

2 лажици чиа семе

1 лажица путер од кикирики или евентуално кокосово масло

Околу 300 мл млеко

1 лажица какао во прав

2 реда црно чоколадо со 70% какао

Мед по вкус

Банана, ореви или нешто слично како додаток.

Приготвување:

Овесните снегулки можете да ги исечкате малку, не мора да ги мелете во блендер. Ставете ги во сад па додадете млеко, чиа семе и какао и ставете на оган па почекајте да зоврие. Тргнете го садот од оган, додадете го чоколадото и помешајте. Оставете го чоколадото да се стопи, а овесо и чиа семето да набабрат. Додадете путер и мед и послужете топло, со додаток од банани и ореви.

loading...