Салата со цвеќе

Порано луѓето за да се прехранат, биле принудени да јадат билки, а денеска сервирањето на цвеќиња во чинија се вистински моден тренд.

0
112

Состојки:

250 г листови мешана салата

1 краставица

свеж копар

100 г цветови од јадливо цвеќе како невен, роза, жалфија, глуварче, љубичица, ден и ноќ

2 лажици вински оцет

1/2 лажичка сенф

5 лажици маслиново масло

Сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Добро измијте ги салатата и цвеќињата.
  2. Во чинија за салата измешајте ги оцетот, сенфот, маслото, солта и црниот пипер.
  3. Ставете ја смесата во салатата, измешајте, па додадете ги внимателно и цвеќињата.
loading...