Слатко од дуњи со ореви

Нашата верна и вредна читателка Викторија Симиќ, веднаш реагираше на денешниот текст за дуњите и ни испрати фотографија и рецептза нејзиното слатко од дуњи кое почнала да го прави денеска.

0
469

Како договорени!“ , ни пишува денеска нашата редовна читателка Викторија Симиќ и продлжува: „Мешајќи го слаткото од дуњи си читам вести на мобилниот и наеднаш гледам, сте ставиле текст за дуњите. И јас многу ги сакам, а ова слатко од дуњи ме потсетува на детството па ви ги испраќам рецептот и фотографијата.

И чисто информативно, дуњата е плод кој им одолеал на разни обиди за подобрување од страна на човекот, такашто оние што ги јадеме денес се доста слични на оние споменати во античките текстови.

Исто така, постои верзија дека имало грешка при преводот на Стариот завет и дека Ева не скинала јаболко, туку дуња.

А еве го и рецептот од Викторија.

Состојки:

1,3 кг дуњи

1 кг шеќер

2,5 чаши вода

Лимон

1 лимонтус

ореви по желба (јас го сакам со повеќе, а бидејќи имам орев во дворот, секогаш имам резерви)

Приготвување:

Додека се чистат дуњите и се сечат на парчиња кои се ставаат во вода во која сте раствориле лимонтус за да не поцрнат, се вари шеќерот со 2,5 чаши вода. Кога ќе се згусне се додаваат дуњите и се варат како и секое слатко. На крајот се додаваат оревчиња по желба и парченца лимон.