Сочен чоколаден колач без брашно

Сочен однатре, рустикален однадвор, овој колач се прави по рецепт кој едноставно се памти и уште полесно се следи...

0
209

Овој рецепт е едноставен а многу брзо ќе го запамтите и напамет затоа што се потребни еднакви количини бадеми, путер, чоколадо и шеќер. Рум, кора од лимон и портокал или јако кафе се исто така одлични додатоци со кои можете да си поиграте. Ако колачот ви испука, не се грижете, затоа што токму тоа му дава рустикален изглед.

Состојки:

4 јајца

100 г шеќер

100 г кафеав шечер

200 г путер

200 г црно чоколадо (70 отсто какао)
200 г бадеми

1 лажица рум

Малку сол

Приготвување:

Јајцата и путерот треба да се на собна температура. Бадемите бланширајте ги па смелете ги и просејте ги низ сито.

Чоколадото стопете го на пареа, тргнете го од оган и додадете го путерот, па измешајте. Додадете ги шеќерот и бадемите, а кога смесата малку ќе се олади, додадете ги жолчките и румот (ако сакате, ова е вистински момент за додавање на останатите состојки како што се кората од лимон или портокал, кафе…)
Изматете ги белките полека додавајте ги во чоколадната смеса.

Ставете ја смесата во калап за колач со подвижно дно во кој претходно ќе ставите намрсена хартија за печење и печење на 180°C околу 40 минути.

Важно е колачот да остане сочен и да не се препече затоа проверете дали е печена со чепкалка која мора да излезе од бисквитот со неколку меки но не и мокри трошки. Оставете го да с еолади во калапот па послужете. По желба, поросете со шеќер во прав и послужете со шлаг.

loading...