Сочна торта од круши, бадеми и мед

Микела Киапа е име кое им е познато на сите гледачи на кулинарските програми на Би-Би-Си. Кога станува збор за подготовка на десерти, таа е меѓу најдобрите.

0
78

Рецептите на оваа кулинарска ѕвезда се често имагинативни, вкусни, здрави и едноставни. Еден од нив е и нејзината неодолива торта со бадеми, мед и круши, која е особено привлечна.

Многу е лесно да се подготви, не содржи глутен и може да послужи како замена за појадок.

Секако, наместо круши можете да користите јаболка или некое друго слично овошје, додека ореви или лешници може да се користат наместо бадеми. Сепак, пробајте го прво оригиналниот рецепт.

Состојки:

3 јајца

100 мл мед

50 мл маслиново масло

1/2 лажичка екстракт од бадеми

3 помали круши

225 г бадеми

1 лажичка цимет

1 лажичка прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

50 г тенки листови од бадеми

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 160° C.

2. Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги белките се додека не добиете цврст снег.

3. Во жолчките додадете мед, маслиново масло, рендани круши и измешајте се заедно.

4. Додадете ги другите суви состојки и повторно помешајте. На крајот, додадете го снегот од белките.

5. Истурете ја смесата во тепсија калап за печење, поросете со бадеми и печете околу еден час.

loading...