Спасете го светот од глад: Јадете црви!

Една млада Русинка направила фарма за црви, тие живеат во нејзиното купатило, но ги наоѓа и низ целиот стан. Ги користи како главна состојка за приготвување на храна.

0
122

Надежда Серкова е програмер од Санкт Петербург. Еден ден решила да направи во својот стан фарма за црви. Речиси веднаш одлучила и да ги јаде.

„Јас баш и не сакам инсекти, но и покрај тоа тие живеат со мене. По некое време се навиукнав да ги гледам, потоа пробав да ги јадам и се беше во ред, иако уште извесно време не можев да се ослободам од чувството на гадење“, вели таа. Сега верува дека брашнестите црви кои таа ги одгледува не се разликуваат од месо или од риба. „Белковините се белковини“.

„Се почна со моето момче Серјожа и нашиот пријател Митја. Ним обично секој ден им светнуваат по неколку генијални идеи. Еден ден дојдоа и рекоа: ‘Брашнестите црви се вистинската работа!’

Читале за нив на страницата ‘Како да се преживее со 100 рубљи – 1,4 евра’ (социјална мрежа на која корисниците обично објавуваат ефтини рецепти). Меѓу нив се нашол и еден на прв поглед несериозен предлог: ‘Луѓе, можете да јадете и црви, тие се речиси бесплатни.’

Во тој момент им реков дека можам само морално да ги поддржам.

Но утредента го гледавме документарецот Wastecooking – готви, не фрлај! – за австрискиот екоактивист Давид Грос кој го проучава проблемот на фрлање храна и рационална потрошувачка. Филмот има 15-минутен дел за тоа како децата во едно училиште прават колачи од брашнести црви! Во секој случаја, документарецот убедливо објаснува дека ширењето на хоризонтите на нашите вкусови може да биде интересно. Заклучивме дека мора да се обидеме.“

Фарма

„Да се направи фарма за црви е многу едноставно. Ларви можете да

купите во продавниците за храна за домашни миленици: гуштери, риби, желки и птици.

Ги ставате ларвите во кутија, подобро во пластична, затоа што картонската можат да ја изџвакаат, и ставете овесни снегулки, мекињи, брашно. Одвреме навреме им давате зеленчук, како на пример, морков како извор на вода. Циклусот трае околу три ипол месеци.“

„Не бевме најдобро упатени во теоријата па почнавме да ‘гугламе’. Наскоро сфвативме дека е температурата многу важна. Да се зборува за ‘фарма’ е сепак претерување. Станува збор за само неколку кутии под кадата, погодно место заради влагата. Момците ги чуваат своите црви во кујна и нивниот циклус трае малку подолго.“

Храна

„Кога ќе се сварат црвите немаат силен мирис или вкус. Некои велат дека вкусот ги потсетува на ореви, а мене понекогаш на печурки. Едноставно, станува збор за ‘биомаса’.”

„Почнавме со крокети полнети со црви, затоа што во тој облик јадењето не изгледа толку… одвратно. Ако не знаете што има внатре, ништо на чинијата нема да ве потсети на црви. Затоа отворивме ресторан на еден ден и ги повикавме сите да видат како правиме јадења со црви и им нудевме да пробаат. Месевме тесто со црвите, правевме салати, стававме црви во лижавчиња. Луѓето велеа дека крокетите се помеки од обичните.”

„Во Русија треба посебна дозвола за да служите ваква храна во ресторан. Нашите намери сепак не се толку сериозни. Не ми е целта да ги нахранам луѓето со црви или да го спасам светот од глад. Ова е само приказна за инспирацијата.“

Преземено од ТУКА.

loading...