Стасуваат дуњите…

Семките се најлековитиот дел од дуњите, иако се лековити и плодот и листовите, а особено сокот и сирупот. Семките содржат големи количини витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство

0
192

Дуњата е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количество на калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.

Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и диареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемија, но и за лекување на воспалението на желудочната и цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на суво ждрело, крајници, дишни патишта, како и за ублажување на обилните менструации. Чајот од семки од дуња лекува несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува непријатниот здив, додека слузот од семките лекува изгореници и рани.

Иако звучи необично, дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, месо од патка, јунешко и месо од дивеч. Французите со векови наназад изработуваат сирење од дуњи кое се подготвува така што два килограми дуњи се варат заедно со кората додека потполно да омекне. Кога ќе се изладат, се сечат на парчиња и се пасираат малку. Добиената маса се мери, за да се додаде соодветно количество на шеќер (на килограм и пол пире од дуњи се додава килограм шеќер). Потоа смесата повторно се вари на тивок оган околу 45 минути, со постојано мешање. Веднаш по варењето, сирењето од дуњи се става во соодветен сад и кога ќе се излади, се сече на коцки, се наросува со шеќер во прав и се става на темно и суво место да стои.

Фото: Pixabey