Тајландски супермаркет користи амбалажа од листови од банана наместо пластични кеси

Дали ви се допаѓа оваа иновативна амбалажа од листови од банана како алтернатива на пластичните кеси?

0
111

Една од работите што секогаш може да ги видите во супермаркетите може да биде индивидуално спакувано овошје или зеленчук во пластична амбалажа.

А сето тоа би можело да наведе некого да размисли за прекумерната употреба на пластика и да смисли некое иновативно решение какво што се на пример овие листови од банани.

Ова е она што го понуди како решение еден супермаркет во Чиангмај, Тајланд како алтернатива на пластичната амбалажа.

Интересно нели?

Човекот кој ги снимил фотографиите – Симон од Perfect Homes Chiang Mai limted, смета дека е ова навистина одлична идеја. Фотографиите биле шерувани 11 илјади пати за помалку од два дена.

Иако повеќето ја пофалија оваа нова иницијатива, некои коментираат дека ова не изгледа како нешто што би можело да биде начин за целосна замена на пластичната амбалажа.

Фотографиите се од  Perfecthomes.

loading...