Тиква на три нивоа

Оној 'помфритот' од тиква, потоа, обични парчиња тиква за печење и најдолу - семките. Има ли нешто поубаво од тиква?

0
928

Кога некој не сака ни да проба тиква, навистина се нервирам. Има луѓе кои наводно, не сакаат тиква, а или никогаш и не пробале сѐ што може да се направи од неа, или пробале еднаш па им се погодила некоја тиква – ‘тиква’ или никогаш не ја ни пробале во ниту една варијанта, ама ете, знаат дека не сакаат.

А од тиква може да се направи сѐ, и солено и благо и предјадење и главно јадење и супа и салата и десерт па ете, дури и семките не се фрлаат. И ако ви кажам дека килограм семки во семкарница чини 300 денари, веројатно нема веќе никогаш да ги фрлите. Поминаа времињата кога се велеше: „немам скапан динар, само за семки“. Можеби причината за овој скок на цената на семките ‘на берза’ е тоа што сега наместо за занимација, се јадат за здравје, особено за машкото здравје.

Со оглед на тоа што сме сѐ уште во месец ноември – месецот посветен на машкото здравје, еве во чест на тоа – испековме и семки. Се разбира, без сол. Во помфритот има и премногу. Знаете, кога ќе се навикнете на химелајската сол од која можете да ставате и да ставате и пак јадењето да не ви е доволно солено, со морската сол мора да се биде внимателен. Значи, кога ќе го солите помфритот, не претерувајте!