Уф, каков ручек – во сендвич!

Еве одлична идеја за здрав и посен ручек. Фалафел ќофтиња, кои на фотографијата не се ни гледаат од зеленчукот, но тука се. Како изгледаа ќофтињата видете на фотографијата подолу

0
113

Сите си ги прават по свој вкус, ама овие на госпоѓа Ана Радованац беа вистински деликатес. А за идејата секој да си го спакува своето ќофте во сендвич заедно со салати и сосови по свој избор, има чиста десетка.

Основниот рецепт за фалафел ќофтињата побарајте го ТУКА, но составот и обликот можете да ги менувате според својот вкус.

А кога ќе се додадат зелена салата, свежи краставици и домати, црвени ротквици, младо кромитче или лукче и прелив од таан, лимон, маслиново масло и кумин, нема ништо повкусно.

loading...