Фантастична пита за Денот Пи

Денеска се слави 139 години од раѓањето на Ајнштајн и Денот на ирационалниот реален број Пи кој важи за еден од најупотребуваните во математиката, физиката и инженерството. Во многу делови од светот, се делат бесплатни пити и пици. Од нас имате само бесплатен рецепт за пита.

0
236

Професорот Стивен Хокинг кој денеска почина во својот дом во Кембриџ, на возраст од 76 години. Хокинг често укажуваше на тоа дека е роден на 300-годишнината од смртта на италијанскиот астроном Галилео Галилеј. Денеска, на денот на неговата смрт, светот ја слави 139-годишнината од раѓањето на германскиот физичар Алберт Ајнштајн, и денот на математичката константа Пи.

Г. Хокинг, кој како студент бил нарекуван „Ајнштајн“, го поминал поголемиот дел од својот живот во инвалидска количка, неспособен за говор и за движење по дијагностицирањето на АЛС – или моторна невронска болест – на возраст од 21 година.

Во негова чест и во чест на Денот Пи, ви предлагаме уште еден рецепт за фантастична пита со банани и карамел.

Состојки:

За кората:

10 суви интегрални колачи

8 лажици несолен стопен и оладен путер

За крем од карамел:

8 лажици несолен путер

3/4 шолја темно кафеав шеќер

1 конзерва кондензирано млеко

1 лажичка екстракт од ванила

1/2 лажичка сол

За прелив:

2 шолји павлака со 2 лажици шеќер во прав или шлаг

4 зрели банани

Црно чоколадо за поросување

Приготвување:

Здробете ги кексите во блендер или со толчник. Помешајте ги со путерот додека не добиете смеса која можете да ја обликувате во кора. Ставете ја во тепсија со обрач што се вади и оставете ја во фрижидер на 1 час.

Направете го филот: Стопете го путерот во тенџере на средно висока температура. Додадете кафеав шеќер, засладено кондензирано млеко, ванила и сол и доведете ја смесата до вриење. Постојано мешајте, додека смесата не потемни, околу 2 минути.

Оставете го да се олади, а потоа истурете го врз кората и ставете ја питата повторно во фрижидер на 1 час.

Направете го шлагот или измешајте ја павлаката. Исечете ги бананите на тркалца и наредете ги врз питата а потоа филувајте ја и поросете од црното чоколадо.

loading...