Фатима Али, популарната готвачка која последните месеци од животот ги живееше во целост

Познатата готвачка која пред десетина дена почина од рак на коски, неколку месеци пред смртта напиша есеј во кој опишува како ги поминува последните месеци од својот живот: одам да јадам во многу ресторани во Њујорк, го планирам одморот, наоѓам експериментални третмани за лекување, готвам, пишувам и секој ден, во соработка со мојот брат запишувам по еден рецепт во тетратка, за која се надевам дека тој можеби еден ден ќе ја објави.

0
672

Ѕвездата на емисијата Top Chef Фатима Али минатиот петок ја изгубила својата втора и многу тешка борба со канцерот. Имаше само 29 години.

Готвачката која беше многу отворена за својата болест на социјалните мрежи, беше омилена не само поради своето готвење, туку и поради својата личност и карактерот. Таа минатата година напишала и инспиративен есеј за својата болест и за своите соништа. Али сонувала еден ден да отвори сопствен ресторан во Њујорк.
„Сонувам за мојот иден ресторан, кадешто ќебапите ќе се топат во устата, а коктелите ќе бидат доволно слатки за да ја смират лутината“.

Image may contain: 1 person, eyeglasses and closeup
Последниот пост на Инстаграм од 10 јануари, Али се смее од својата болничка постела

Поранешнaта врвна готвачка го напишала есејот кон крајот на ноември, за Bon Appetit со детали за нејзиниот живот, за љубовта кон храната и за последните месеци по дијагностицирањето на болеста. Тој ќе се објави во мартовското издание на магазинот, но е претходно објавен на интернет.

Али го почнува својот есеј опишувајќи неколку убави спомени од своето детство во Пакистан, каде што готвењето брзо се вкоренило во целото нејзино битие. Таа ги опишала нејзините рани денови, вклучувајќи и некои тешки периоди, како помлад готвач и менаџер во серија ресторани во Њујорк, по дипломирањето на Кулинарскиот институт на Америка во 2011 година.

Организирањето на еден ден како овие – и повторувајќи го одново и одново – мислам дека навистина те прави да разбереш за што сѐ е човекот способен, вели таа, потсетувајќи се на еден особено тежок ден. Ние сме толку прилагодливи. Ако морам повторно да го направам тоа, нема ништо да сменам“.

Потоа таа зборува за нејзината почетна дијагноза за рак во 2017 година, по која веднаш следувала хемотерапија.

Искрено, до првиот циклус на хемотерапија, јас не мислев дека тоа навистина се случува“, вели таа, додавајќи: „Тогаш твојата коса почнува да паѓа, и конечно си велиш, ова навистина се случува. Ова е остатокот од мојот живот. Направив осум рунди на хемотерапија, тоа беше ужасно, но на крајот, сите мои скенирања беа чисти и мислев дека го победив ракот, но потоа тој се врати, во уште полоша форма од порано, метастазиран и проширен на моите бели дробови. Лекарите ми рекоа дека имам една година живот“.

Тоа бил моментот кога Али одлучила дека ракот и времето ѝ го оставил нема да ја задржат – таа имала намера да извлече максимум од тоа.

Си велев, знаеш што? Престани да се сожалуваш себеси“, пишува таа. „Бев во болниците во Њујорк и во болниците во Лос Анџелес, и кога околу себе гледаш толку многу болести, и гледаш луѓе од секакви потекла, секакви возрасти, во сите фази на болеста – навистина ви дава перспектива, бидејќи гледаш дека секогаш може да биде многу полошо отколку што е во моментот. Среќна сум што сè уште можам да направам многу работи што ги сакам.

Познатата готвачка одлучила да го употреби ракот како изговор да оди и да ги заврши работите. Нејзината намера за тоа како таа сакаше да ги живее оние последни неколку месеци? Да го живеам мојот живот за да ги исполнам сите оние вистински соништа што ги имам. Лесно е да поминам неколку недели во моите пижами, стуткана во креветот, гледајќи ги Gossip Girl на Netflix. Можев да го сторам тоа и не ме сфаќајте погрешно, јас сè уште ја гледам Gossip Girl, но сега правам многу други нешта, одам да јадам, планирам одмори, наоѓам експериментални третмани за лекување, готвам, пишувам.

Исто така, Али споделила дека во соработка со својот брат секој ден запишува по еден рецепт во тетратка, за која се надева дека тој можеби еден ден ќе ја објави. Таа, исто така, поминала многу од нејзините последни денови јадејќи во многу ресторани низ Њујорк, опишувајќи го времето кога таа и нејзиното семејство биле на кебапи кои се топат во уста.

Али, исто така, се присетува на неодамнешниот разговор со нејзиниот брат кој ѝ става извесна перспектива на нејзината смртност.

Мојот брат и јас зборувавме пред некој ден и тој направи интересна поента. Тој кажа нешто како: Како готвачи, вие секојдневно се справувате со смртта. И тој е во право, вели таа. Кога сте готвач, го разбирате кругот на животот, секојдневно работиме со зајаци, свињи и мали јагниња, ги фаќаме рибите и ги чистиме ракчињата. Покрај сите овие работи кои умреле за нас, гледаме на ова како на природен тек на животот. Можеби морам да се соочам малку порано со тоа отколку што очекував, но тоа не е непознато чувство“.

Ѕвездата заклучува дека додека иако го живее својот живот во потполност, таа сè уште е многу, многу исплашена.

Има денови кога сум исклучително исплашена“, признава таа. „Имам денови кога седам и плачам, бидејќи не сакам да го правам тоа пред моето семејство. И има и други денови кога сите седнуваме и плачеме заедно, бидејќи ова е толку страшна работа. Истовремено, не можете да дозволите тој страв да ве осакати. Потешко е да се биде несреќен отколку да се биде среќен“.

Фото: Tommy Garcia/Bravo

loading...