Холандски рецепти ала Марк де Јонг

Не е лесно да си готвач, дури и кога си познат шеф. Марк де Јонг кој веќе се одомаќи во татковината на својата мајка и веќе цели 5 години живее во Скопје, денеска можете да го најдете во Јавна соба кадешто ги подготвува состојките за холандските специјалитети што ќе ги прави по повод националниот ден на Холандија. Се разбира, на свој, македонско-белгиски начин.

0
457

Пред пет години Марк Де Јонг дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му – да дојде барем еднаш и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка. Така, дојде во Македонија и остана да живее во Скопје. Ги освои симпатиите на јавноста и стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата шефови во телевизиското шоу „Брза кујна“, но и како дел од многу настани и учества на македонските готвачи на светски кулинарски натпревари.

Денеска, во текот на целиот ден, Марк е во „Јавна соба“, кадешто под априлското жешко сонце ги подготвува празот, компирите, јаболките и останатите состојки потребни за да се направат холандските рецепти кои тој ќе ги подготви во чест на националниот ден на Холандија, роденденот на кралот Вилем – Александар.

Марк ќе подготви варијации на холандски „stamppot“ и компот од јаболка, а сите кои ќе дојдат на овој настан во организација на Јавна Соба и Амбасадата на Холандија во Скопје, ќе можат да дегустираат, но и да помогнат во готвењето на овие холандски рецепти.

Stamppot е традиционално холандско јадење кое Холанѓаните често го готват во своите домови и ден-денес, а оригиналниот рецепт е стар повеќе од 500 години. Негова основа е компирот, а денеска ќе можеме да ги пробаме неговите варијации ала Марк де Јонг.

Дегустацијата е бесплатна.

loading...